Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд поднесе оставка, соопштија од Даунинг стрит. Таа беше под притисок да поднесе оставка поради Виндруш скандалот.
Се очекува денеска да даде изјава за оставката во Домот на лордови. Руд за одлуката за оставка телефонски ја информирала премиерката Тереза Меј синоќа, а поради барањата на опозицијата да добие отказ.
Како што јави Би-Би-Си, премиерката ја прифатила оставката.
Руд се соочи со критики поради тоа што властите злоставувале долгогодишни легални жители кои дошле од Карибите.
Гардијан вчера објави нејзино писмо до Меј во кое изразува своја цел да депортира 10 отсто повеќе илегални имигранти во следните неколку години. Иако граѓаните на поранешните британски колонии имаат право на легален престој во Британија, новите построги правила од 2012 година им ја отежнаа состојбата со што им се намалени правата за жителство, работи и здравствена заштита.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст