Секторот за внатрешни работи од Охрид, синоќа го реализира превентивниот проект „Полициско-родителски патроли“.
– Проектот е дел од активностите на оделението за превенција, а беше спроведен во периодот од 23:00 до 02:00 часот низ повеќе угостителски објекти во Охрид, како во централното така и во периферното градско подрачје. Учестувуваа околу 15 родители кои доброволно се пријавија, заедно со преставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните центри во Охрид. Притоа се направија обиколки на ноќните клубови и угостителски објекти, како и на други места при што родители имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави, информираат од СВР Охрид.
Полициските службеници, согласно овластувањата, легитимираа повеќе гости во угостителските објектви и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а беа легитимирани и неколку други лица по други основи.
извор/фото: ohridpress.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.