Вуко Борозан, црногорскиот ракометар кој настапува за Вардар со силни емоции зборуваше по мечот со Кил и истакна дека пласманот на завршницата во ракометната елита е награда за тимот.
Воедно, Борозан истакна и дека му е чест да го носи дресот на овој клуб.
-Натпреварот во Скопје беше ист како оној во Германија, знаевме дека од почетокот ќе биде тешко. Кил е голема екипа. Среќни сме што ние како екипа што освоила Лигата на шампионите се пласира во Келн и ќе ја браниме титулата. Чест и задоволство ми е да го носам дресот на овој клуб со срце. Разликата на теренот ја направи нашиот тим, функционираше како што треба и Штербик и тимот и сите фактори во клучните моменти. Ги наградивме нашите навивачи со пласман на Ф4, па ќе видиме што ќе биде понатаму, изјави Борозан. Црногорскиот „бомбардер“ беше прв стрелец во тимот на Вардар во победата на Кил со шест постигнати гола.
извор: gol.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст