| четврток, 6 декември 2018 |

И малиот Јане ќе навива за Вардар против Кил!

Европскиот првак Вардар ќе има голема поддршка на натпреварот против Кил во рамки на четвртфиналето на ЛШ, а гостин во пеколниот СЦ „Јане Сандански“ ќе биде и Јане Велковски, детенцето кое стана хит преку програмата „Equal Game“ на УЕФА и средбата со Пол Погба.
Управата на вардарци го прими Јане како гостин на оваа средба, по што тој ќе може да ја почувствува атмосферата во која игра и ракометниот клуб. Вардар од гостувањето во  Германија брани предност од еден гол.
Дуелот во Скопје меѓу македонскиот тим и бундеслигашот кој ќе даде патник на Ф4 започнува од 17.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top