| четврток, 6 декември 2018 |

Натепани полицајци ги смирувале страстите со истрели во воздух

Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајка во која учествувал синот.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа околу 23,50 часот на улицата „Борис Кидрич“, додека полициските службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и  Б.М.(18) од Ресен.

– На местото на настанот дошол З.М.(41) татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници. Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад, наведуваат од МВР.

Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top