| четврток, 6 декември 2018 |

По состанокот се менува и времето во Северна Кореја: Од петок Ким ги поместува стрелките за 30 минути

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вети дека во петок ќе ја отфрли временската зона која Пјонгјанг ја воведе во 2015 година и најави дека Северна Кореја ќе ги помести сказалките 30 минути понапред за да се усогласи времето со она во Јужна Кореја.

Ким одлучил да го преземе овој чекор за да ја ослесни прекуграничната соработка на Корејскиот Полуостров.

Тој објаснил дека го смета за „тажно“ тоа што требало да се гледа во два часовника кои покажуваат различно време во просторијата каде што се одржувал состанокот во Панмунјо, село во демилитаризираната зона.

-Бидејќи ние го променивме стандардното време, ќе го вратиме оригиналното. Можете јавно да објавите, рекол Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top