Вардар и Кил денеска ќе одредат уште еден патник на фајнл-фор турнирот од ракометната Лига на шампиони во Келн, а по триумфот на актуелниот европски шампион во Германија, шансите на денешните гости се сериозно намалени.
Отприлика така размислува и поранешниот германски репрезентативец, Штефан Кречмар, кој како стручен коментатор, го најави реваншот на жешкиот терен во Скопје.
– Најголемиот проблем на Кил е што доколку направи неколку грешки во серија, не постои некој кој ќе пронајде солуција и ќе им ја врати самодовербата на играчите. Ако се оди како што треба, тешко се победуваат, но ако нешто тргне наопаку, тогаш самодовербата им се руши како кула од карти. Вардар првпат е и физички супериорен во однос на Кил, а вториот елемент е психолошкиот момент, бидејќи Кил во Скопје го очекуваат фанатични навивачи, овој викенд нема да има погласна арена во Европа. Треба да бидете храбри, самоуверени и ладнокрвни да го преживеете овој пекол, а згора на тоа постои уште една работа која не смее да се заборави – оваа сезона никој не го победил Вардар на домашен терен, – вели Кречмар.
– Одлучувачки ракометар ќе биде Лука Циндриќ, секој напад е под негова контрола, а од неговите движења зависат и Борозан и Криштопанс. Во Скопје не можете да победите со солиден настап, мора да бидете за три-четири голови подобри од противникот, но ова ќе биде навистина тешко да се направи и слободно може да се нарече „чудо во Скопје“. Бидејќи не играте само против Вардар, туку и против жестоката публика, а веројатно и против судиите. Не постои поголем предизвик од ова, па затоа и Вардар е голем фаворит, – заклучува Кречмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст