| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ја слават седмата годишнина од бракот

На денешен ден, пред седум години се венчаа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Тоа беше настан на годината во 2011 година.

Тој датум за Британија беше прогласен за празник. Велика Британија ја славеше венчавката, денот беше неработен. Не се работеше ниту следниот ден, народот одмараше од славењето. Целиот настан беше пренесуван на телевизија, а според податоците венчавката ја гледале дури три милијарди луѓе. На интернет ја следеле 72 милиони луѓе, така што овој настан влезе во Гинисовата книга на рекорди.

На венчавката беа повикани 1.900 гости. Поканите беа напишани со златни букви. На листата на гостите беа принцот Алберт од Монако, Дејвид и Викторика Бекам, Рован Аткинсон, принцот од Бахраин, Гај Ричи, шпанската кралица Софија, кралот на Кордан, јапонскиот цар, Принцот од Саудиска Арабија, кралеците на Малезија и Тајланд, Елтон Џон…

 

По седум години брак војвотката од Кембриџ Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам имаат три деца: принцот Џорџ (4), принцезата Шарлот (2) и штотуку родениот принц Луј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top