| четврток, 6 декември 2018 |

МЕПСО: Релејната заштита во ТС „Битола 2“ го исклучила блокот во РЕК Битола

Синоќа во 1:34 часот во Националниот диспечерски центар регистрирана е безнапонска состојба во 400/110 киловолтната трансформаторска станица „Битола 2“. Станува збор за дефект на елемент од преносната мрежа (мерен струен трансформатор) во таа постројка, информираат од АД МЕПСО.

– Согласно со протоколите за работа веднаш реагирала релејната заштита и ја исклучила трансформаторската станица од преносната мрежа. Заради тоа е исклучен од мрежа и блокот во РЕК Битола, соопшти МЕПСО.

Дежурните екипи на МЕПСО, се нагласува во соопштението, веднаш реагирале и за еден час го санирале дефектот, по што постројката е вклучена под напон во 2:45 часот. Блокот во РЕК Битола, согласно со процедурата за пуштање во погон на термоелектричната централа,  е синхронизиран на преносната мрежа во 11:50 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top