Иако се мега популарни во Турција, преубавата Дилара, односно Ебру Озкан Шабан и нејзиниот сопруг, актерот од Турскиот театар, Ертан Шабан, се трудат приватниот живот да го задржат подалеку од очите на љубопината јавност.
Ебру, која се породи во јануари годинава објави само една фотографија од болницата, со која ја сподели среќната вест со обожавателите, а Ертан дури сега, три месеци по раѓањето на ќерката ја опиша неизмерната радост преку фотографија споделена на Инстаграм.
Играта на зборови „Бирчик к’з’м“, ја избра Ертан за да опише колку му значи радоста.
Девојчето се вика Биричик, што во превод од турски значи „единствена“, па оттаму описот на сликата значи „единствена ќерка“.
Ертан долги години работи на филмски и телевизиски проекти во Турција, а пред две години се ожени со популарната турска актерка.
Шабан во Македонија е најпознат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, а Ебру по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“ и по улогата на Дилара во „Парампарче“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст