| четврток, 6 декември 2018 |

„Опел корса“ прегази ботолчанка на улицата „Цар Самоил“

На 27.04.2018 година во 11,25 часот во Битола на улицата “Цар Самоил“ патничко моторно возило “Опел корса“ со битолски регистерски таблици управувано од Н.Ц. (77) од Битола удрило во пешакот Ц.Ј. (67) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top