Од Народната банка на Република Македонија (НБРМ) информираат дека влегувањето во оптек на полимерните банкноти во вредност од 10 и 50 денари на 15 мај годинава е значаен момент во нивното работење, кој сакаат да го споделат со јавноста и воедно да ги информираат граѓаните за низа важни информации во врска со првите вакви пари во државата.
Така од НБРМ соопштуваат дека од денот на влегувањето во оптек (15 мај) на полимерните банкноти во вредност од 10 и 50 денари, книжните банкноти во истата вредност веќе нема да бидат законско средство за плаќање. Сепак, доколку поседувате книжни банкноти и на 15 мај, истите ќе можете бесплатно да ги замените за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ.
Од 15 мај годинава до 15 мај 2019 година, граѓаните ќе може да извршат замена во деловните банки во Република Македонија. Доколку и по 15 мај следната година поседувате книжни банкноти во вредност од 10 или 50 денари, ќе можете да извршите замена исклучиво во Народната банка на Република Македонија.
Исто така, по 15 мај годинава, кованите пари (монети) во вредност од 10 и 50 денари ќе бидат во оптек, со што и натаму се законско средство за плаќање во земјава. Тоа значи дека и натаму ќе можете да ги користите и за нив не треба да вршите замена за банкноти или ковани пари во еквивалентен износ.
Имајќи предвид дека станува збор за банкноти од ниска апоенска вредност, по 15 мај, полимерните банкноти од 10 и 50 денари ќе можете да ги добиете при готовински плаќања или на шалтерите на деловните банки. Доколку банкнотите ви се потребни за колекционерски цели, можете да се обратите во Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ.
Од НБРМ соопштуваат дека полимерните банкноти претставуваат платежно средство коешто може да се користи за готовински плаќања, исто како и сите други банкноти. Оттука, со нив ќе можете да вршите и готовински плаќања преку автоматите за наплата, откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати во Република Македонија ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во вредност од 10 и 50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст