| четврток, 6 декември 2018 |

Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит

Денеска се сретнаа и првите дами на Северна и Јужна Кореја. Едната досега речиси и не се споменуваше во јавноста, а другата, пак е школувана пејачка.

Всушност, историската средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг-Ун и Мун Џае-Ин, која постави темели за целосна денуклеаризација и траен мир на полуостровот, беше можност за првпат да се запознаат и првите дами на двете земји.

Ри Сол-Ју, поранешна пејачка и чирлидерка, го придружуваше својот сопруг Ким кога тој ја премина границата во демилитаризираната зона и тогаш го имаше првиот разговор со првата дама на Јужна Кореја, Ким Џунг-Сок.

-Среќна сум што слушнав од мојот сопруг дека средбата била успешна. Се надевам дека сѐ ќе помине добро помеѓу двајцата лидери, изјави Ри за јужнокорејската телевизија.

Госпоѓите Ри и Ким, исто така, придонесоа за пријателскиот тон на средбата, па беа снимени во разговор во добро расположение и како одат држејќи се за раце, а подоцна сите заедно беа на вечера.

 

Претходниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг-Ил, никогаш не беше виден во јавност со својата сопруга. Малку се знае и за Ри, ни колку години има, ни кога се венчала со Ким, но носејќи дизајнерски чанти на „Диор“ и „Шанел“, таа со својот стил го привлекуваше вниманието на западните медиуми.

И нејзиниот статус во рамките на Северна Кореја се подобри во изминатите недели, кога државните медиуми, конечно, ја признаа за прва дама, откако досега, главно, ја ословуваа како другарка или сопруга на Ким Џонг-Ун.

Од друга страна, сопругата на Мун Џае-Ин е школувана пејачка, која поради позитивниот карактер ја нарекуваат „Весела дама“.

 

извор: smart.sdk.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top