| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓи Симјаноски е државен првак во барменство

Ако го прашате Симјаноски кое е идеалното годишно време за уживање во добро подготвен коктел, тој без сомневање ќе ви каже дека тоа е токму пролетта, поради сè што таа ни носи со себе, од свежи состојки, па се до пријатното пролетно сонце кое го буди духот и полека, но сигурно нè подготвува за летните авантури.

Сепак, нагласува дека ако сте во вистинскиот локал и во вистински раце, секој период од годината е одличен за да пробате нешто ново.

Она што Ѓорѓи посебно им го препорачува на своите гости е дека секогаш треба да се препуштат на искуството на барменот да ги води и да веруваат во неговиот избор. Тука, низ смеа, вели дека само со целосна доверба кон барменот може да се ужива во коктели и вкусови за кои не сте ни знаеле дека постојат.

Ѓорѓи Симјаноски воедно е и првиот државен првак воопшто на Првенството за бармени во Македонија кое веќе 11 години се одржува кај нас, за на 24ти април оваа година повторно да триумфира на истиот настан, кој е во организација и под покровителство на Меѓународната Асоцијација на бармени.

За себе вели дека единствен начин да се одржиш себеси во оваа професија толку години, покрај секојдневното учење и надградување, е истата да ја работиш со многу љубов и страст, баш како што тој го прави тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top