| четврток, 6 декември 2018 |

Манијак се самозадоволувал пред 3 девојчиња синоќа во Карпош

Ноќеска во 00.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.Ц. (42) пријавил дека на вчера околу 22,45 часот на улицата “Лондонска“, општина Карпош, додека седеле пред влез од зграда, неговата малолетна ќерка и уште две другарки сите на возраст од 16 години им пришло непознато лице на возраст од околу 45 години и почнало да им поставува прашања.

Во еден момент лицето го откопчало патентот на пантолоните и почнало да се самозадоволува пред нив. Тогаш девојчињата избегале во влезот на зградата, а лицето со велосипед го напуштило местото на настанот.

Се работи на целсоно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top