| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец измамен пред болница: Лажен странец му земал пари за да ги провери, заминал и не се вратил

А.Ќ.(63) од Гостивар вчера пријавил дека истиот ден околу 08.45 часот во близина на гостиварската општа болница бил измамен од непознати лица.

Тој бил пресретнат од лице кое му рекло дека учествувало во сообраќајна несреќа со возило управувано од странец и дека треба да му ја надомести причинетата материјална штета. После тоа, непознатото лице се оддалечило од него, а му се доближил наводниот странец, кој му побарал пари за да ги спореди дали се вистински со оние кои наводно му ги дало непознатото лице.

А.Ќ. му поверувал и му дал 8.000 денари, по што заминал и му кажал дека веднаш ќе се врати. По извесно време тој не се вратил, по што А.Ќ. сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на измамниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top