По написите во медиумите дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Тој дури се закани со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево.
– Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен, изјавил Стефановиќ за „Курир“.
Харадинај е обвинет од српските власти за воени злосторства за време на вооружаните судири на Косово во 1998 и 1999 година.
Франција на 4 јануари 2017 година врз основа на распишаната српска потерница го уапси Харадинај, но Апелацискиот суд во градот Колмар го одби барањето на Србија за негова екстрадиција. Потерниците за Харадинај и косовскиот претседател Хашим Тачи, кои ги распиша Србија, повеќе не постојат на листата на Интерпол, а според Стефановиќ тие се наоѓаат во базата на Интерпол, но не се видливи.
Своето доаѓање во Белград во април 2015 година го најави и сегашниот претседател на Косово, а тогаш министер за надворешни работи, Хашим Тачи. Српскиот министер Стефановиќ исто така се закани со негово апсење, доколку се обиде да дојде. Тачи на крајот го откажа учеството на форумот на кој беше поканет.
Заканите упатени кон Харадинај доаѓаат особено по апсењето на шефот на Канцеларијата на КиМ, Марко Ѓуриќ во Косово, констатира порталот Лајми, кој ја пренесува веста на „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст