| четврток, 6 декември 2018 |

Туск зборуваше на македонски: ЕУ останува најголем партнер на Македонија (видео)

Со Бугарија докажавте дека може да се надминат духовите од минатото, се надевам истото да го постигнете и со Грција, ја имате мојата безусловна поддршка, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по средбата со премиерот Заев.

Тој целата прес-конференција ја одржа на македонски јазик. Туск порача дека ЕУ останува најголем партнер на Македонија и дека неусловената препорака е потврда дека напорите на граѓаните и на властите импресионираат во Европа.

– Во Скопје чувствувам промена во политичкиот менталитет, чувствувам волја за придвижување кон интеграција на вашата земја во ЕУ. Заблежувам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката на ЕК за отворање пристапни преговори е најдобар доказ дека вашите напори ги импресионираат во Европа. Се отвора ново поглавје во историјата на вашата земја, рече Туск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top