| четврток, 6 декември 2018 |

„Титаник 3“ повторно одложен, за 11 мај

Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне денеска во Кривичниот суд, повторно е одложено, овој пат за 11 мај.

Причина за одложувањето е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов.

Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија.

Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top