Како од храната која би завршила во корпите за отпадоци да се подготви вкусна супа, ќе можат да видат утре посетителите на настанот што го организираат Слоу фуд Млади – Македонија и #РетвитниOброк под мотото „Да си ги наполниме стомаците, наместо кантите!“. Настанот ќе се одржи во Жена парк во Скопје од 11 до 13 часот.
Станува збор за Ден на диско супа – Македонија кој се одржува по повод „Светскиот ден на диско супа“ што се случува во преку 60 земји од светот, а ги поврзува храната, музиката и хуманоста.
Настанот ќе ги вклучи младите во заедничка акција за подигање на свеста против фрлањето храна.
– Младите активисти заедно со матурантите од средното угостителско училиште ќе подготвуваат супа од намирници кои ќе се обезбедат од донации од маркетите и пазарите, ќе ја делат на случајните минувачи и на бездомниците. Покрај супата, минувачите ќе имаат можност да се забавуваат во ритамот на музиката.
Според Шенај Скендеровска од Слоу фуд Млади Македонија, на овој начин се поттикнува младинското активирање и директно се покренуваат прашањата поврзани со системот на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст