| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија влегува во жолта, предупредувачка фаза! Доаѓа топлотен африкански бран

Територијата на нашата држава и понатаму ќе биде под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Токму поради ова времето денес (петок) ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој претпладнево на север ќе засилува по интензитет, објави „Метеомакс“.

Во попладневните часови особено на планинските места но и на оние населени места кои се во близина на планините локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град и електрични празнења.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека на југоисток температурите на воздухот можно е да се искачат до околу 32 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top