| четврток, 6 декември 2018 |

Ацо Јоновски ги пропушта средбите против Романија

Ракометарот на германскиот Ратинген и на македонската репрезентација, Ацо Јоновски, поради повреда нема да игра во јунските бараж средби против Романија за пласман на Светското првенство.

Неговиот клуб на социјалните мрежи објави дека Јоновски на еден од натпреварите во лигата се здобил со повреда на градниот кош, а прогнозите се дека бекот треба да одмора најмалку три месеци.

Македонија на 10 и 13 јуни ќе ги одигра двата бараж натпревари за пласман на СП со Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top