Пратеничката Фросина Ременски на фејсбук ја коментира еуфоријата која се уште трае по објвувањето на веста дека автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен со плех музика, а денеска во ист дух, со музика за чочек пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегоа на собраниската седница.
-Еуфоријата по “чочекот во тунелот” не престанува. Дури и пратениците од опозицијаат не можат да се изнаслушаат, а да не заиграат на “казуј крчмо …”
Прочитав дека, снимката била прегледана над 140.000 пати …
Кога би се потсетиле само на разговорот во кој се договара провизија од 25% од Кинезите, токму за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица, оваа плех музика би ја слушале сите со текстот “Да не е многу бе Миле …”
Верувам дека, “на Миле му текнало” да испрати музиканти, за да се зборува за музиката, а не за неговата композиција …, напиша Ременски на фејсбук, потсетувајќи на бомбата за договорената провизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст