| четврток, 6 декември 2018 |

„Фабрика за бебиња“ – силувале девојчиња за да раѓаат деца за продажба

Полицијата во два дома за сирачиња во Нигерискиот главен град Лагос открила криминал со препродажба на бебиња. Девојчиња од домовите биле силувани за да раѓаат бебиња, кои потоа се продавале на илегалниот пазар. Бебињата имале различна судбина- биле посвојувани, продавани како робови, користени во традиционални ритуали или шверцувани
во европските земји за да се занимаваат со проституција и криминал.

При последната рација од ваква судбина биле спасени стотина девојчиња и 62 машки бебиња. Ваквата појава е честа во Нигерија, каде секоја година се откриваат по неколку вакви „фабрики“. Нигериската мафија има добри врски со САД и Европа , каде завршуваат повеќето бебиња, а се проценува дека десетина се продаваат секој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top