| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни обвинувања за Морган Фримен – спиел со внука му!

Пред точно три години, Холивуд беше потресен од веста за убиството на Еден Хајнс, внуката на Морган Фримен. За овој злочин бил обвинет нејзиниот тогашен дечко Ламар Девенпорт.

Девенпорт, кому моментално му се суди, изнел еден шокантен детаљ. Тој тврдел дека славниот глумец имал афера со Еден Хајнс.

Треба да се напомене дека Еден Хајнс не му била биолошка внука на Морган Фримен, туку внука на неговата поранешна сопруга Џанет Адар Бредшо. Веќе подолго време се шират гласини за недоличната врска меѓу Хајнс и Фримен, но сега за сега нема никакви докази иако приказната се појавила и на медиумите.

Морган Фримен своевремено изјавил:

„Уште полошо е тоа што сериозниот печат почна да презема трачеви од таблоидите и да ги објавува.“

Ламар Девенпорт го покажал и неговиот СМС разговор со Хајнс каде што таа признава дека била со Фримен.

Дел од преписката гласи вака:

„Кога зборуваме за дедо ти, разбери дека тука секогаш ќе има некаква љубов, бидејќи ти си му потчинета.“

„Не барам совети од него. Ми се јави за да ме праша… го оттурнав од себе, не поради тебе, туку затоа што не треба да биде веќе во мојот живот.“

Славниот глумец не изјавил ништо по овој повод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top