– Неготинка била касната од змија во текот на вчерашниот ден и вечерта била пренесена на Инфективна клиника, изјави денеска за МИА доктор Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци.
Средовечната жена била касната попладнето, иако носела ракавици, бидејќи, најверојатно работела на нива, но во болницата се јавила во 21 часот.
– Жената ја примивме во болницата, доби серум и на почетокот немаше некои посебни симптоми. Но, по околу два часа имаше визуелни халуцинации. Не сакавме да ризикуваме и во придружба на анестезиолог ја препративме на Инфективната клиника во Скопје, поради можни задоцнети реакции, рече Коцев.
Тој упати апел до населението за внимателност и нагласи дека отровот кај змиите е најсилен во овој период
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


