Дека половина Влада не присуствува на седницата посветена на пратеничките прашања, како што обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, потврдија и од владината прес-служба. Димовски рече дека и пратениците со месеци чекаат да им бидат одоговорени прашњата во пишана форма.
Соопштението од Владата до медиумите го објавуваме во целост:
Обврските и должностите кон Собранието на Република Македонија, како и пред граѓаните, Владата целосно ги исполнува, вклучително и обврската за редовно одговарање на пратенички прашања.
Претседателот на Владата на Република Македонија редовно присуствува на овие собраниски сесии и целосно ја презема одговорноста да ја претставува работата на Владата во сите нејзини аспекти, и да одговори на пратеничките прашања.
Таа обврска ја исполнуваат и сите останати членови, министри и заменици министри во Владата на РМ. Понекогаш нивните обврски, работни посети и службени ангажмани на терен се совпаѓаат со парламентарните сесии посветени на пратеничките прашања. Во такви ситуации нивните обврски се исполнуваат според постапката за соодветна замена или за писмен одговор на пратеничките прашања во најкус можен рок.
Владата на Република Македонија останува посветена на одговорно однесување кон Собранието, кое граѓаните на земјата го очекуваат од сите институции и релевантни политички субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст