| четврток, 6 декември 2018 |

Правда за жртвите кај Смиљковското Езеро: Колку субвенции земаа монструмите? (ГАЛЕРИЈА)

Група граѓани се собраа денеска во 13 часот прес Основниот суд во Скопје за да побараат правда за момчињата и рибарот убиени кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година. Тие носеа транспаренти „Спиеш ли мирно Заев. #Монструм“, „Правда за жртвите, затвор за монструмите“. „Колку субвенции земаа монструмите?“.

 

„Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско?“- стоеше на еден од транспарентите.

На протестот не беа присутни родителите на загинатите. Граѓаните кои протестираа велат дека се организирале преку социјалните мрежи. Меѓу присутните имаше и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои изјавија дека се дојдени по сопствена волја, а не организирано.

Граѓаните го изразија својот револт од однесувањето на Зоран Заев со овој случај и неговото манипулирање со чувствата на родителите на убиените момчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top