Шокирачки фотографии стигнале во редакцијата на „Курир“ од еден читател за состојбата на Урбан Парк во општина Центар. Имено на фотографиите се гледа стадо овци како пасе во зелената површина, а надлежните служби на општина Центар никаде ги нема.
„Урбан парк” се наоѓа на улица „Јордан Мијалков”, спроти Геолошкиот завод и е на оддалеченост од стотина метри од плоштадот. Тој е целосно уништен, а сега гледаме дека е претворен и во место за пасење на овци.
Веќе една година наназад овој парк се уништува, скршена е целата урбана опрема, детското игралиште е во катастрофална состојба, местото е претворено во депонија, а сега најново се користи и за чување на стока.
Граѓаните се револтирани бидејќи им е уништен најблискиот парк во кој порано ги носеа и своите деца, а градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ кој во предизборието ветуваше многу за зелените простори и парковите го нема да мрдне со мал прст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст