Во предвечерјето на протестот закажан за денеска во 13 часот „Правда за Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски“ Скопје осамна испишано со графити „Правда за жртвите – затвор за монструмите“, „Спиеш ли мирно, Заев“, „Нема правда, нема мир“, „Дали ги сонуваш жртвите од Монструм“.
Случајот „Монструм“ е пример како може да се премине границата кога се тргува со чувствата на луѓето. Главен адут во кампањата на Заев и СДСМ беше токму трагичната судбина на семејствата на загинатите кај Смиљковското Езеро пред 6 години, на 12 април.
Родителите на убиениот Александар Наќевски го обвинија премиерот Зоран Заев дека кога биле на прием кај него тој им ветил дека ќе ги даде имињата на петте функционери на ДУИ кои ги има во „бомбите“ и кои, наводно, се поврзани со смртта на децата.
-Ама, тогаш ДУИ му беше политички противник. Ни покажа транскрипти од разговор меѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Лани, кога судот ја поништи првостепената пресуда, сопругите побараа и остварија уште една средба со Заев. Но сега им рече дека не смее да им ги даде транскриптите бидејќи се државна тајна и ќе сторел кривично дело, ама им велеше слободно да фотографираат. Сметаме дека доказите се во седиштето на СДСМ, бараме судот да издаде наредба за претрес и да ги обезбеди транскриптите. Ценетиот премиер Заев манипулира и уценува со доказите. Доколку сметате дека лажеме и измислуваме, повикајте го нека дојде во судот, ако сакате и стражарно спроведете го, ние сме тука и ќе чекаме колку што треба за да се соочиме, зборуваше Горан Наќевски на последното рочиште за „Монструм“ и побара сѐ што кажал да биде внесено во записник.
„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за маскарот кај Смилковското Езеро (видео)
Групата „Правда за жртвите од Смилковско Езеро“ го закажа протестот за денеска во 13 часот пред Основниот суд-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст