| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо знаел дека Јунајтед нема да ја освои титулата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се осврна на тековната сезона во Премиер лигата оценувахјќи ја како успешна за неговиот тим. Португалецот изјави дека во клубот се знаело дека се уште не се подготвени за трофејот.

– Секој во Манчестер Јунајтед знаеше дека клубот не е подготвен за конечна победа. Знаев што да очекувам. Впрочем, јас не дојдов во клуб кој беше подготвен за трофејот. И раководството го знаеше тоа и затоа немав притисоци. Но, дојдов тука, бидејќи сакам нови предизвици, изјави Мурињо за англиските медиуми.

На четири рунди до крајот на сезоната во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 2.место со речиси обезбеден пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Од поодамна шампионската титула ја обезбеди Манчестер Сити кој е убедливо на првото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top