| четврток, 6 декември 2018 |

Се планира филм за секс скандалот Вајнстин

– Продукциските куќи Анапурна и План Б, во соработка новинарите од „Њујорк Тајмс“ кои го открија секс скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, планираат да снимат филм. Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, којшто исто така претстави истражувачка новинарска сторија.

Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултираше со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и банкрот на истата.

Репортерите кои го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи месецов ја добија и Пулицеровата награда, токму за овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top