| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец повреден вчера во сообраќајна несреќа, со „форд фиеста“ излетал од патот

Дваесет и осум годишно лице од Кавадарци било повредено кога автомобилот со кој управувал излетал од регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново во текот на вчерашниот ден, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додевски појаснува дека се работи за патнички автомобил марка „форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки. Повредениот возач бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top