| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Не играв на моето ниво, ќе морам многу да работам

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Словакот Мартин Клижан уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона.

– Жалам што не ги оправдав очекувањата – ниту на навивачите, ниту моите. Не играв на моето ниво и тешко е да се носите со вакви натпревари и порази, истакна српскиот тенисер.

Ѓоковиќ вели дека му е јасно ако сака да се врати на врвното ниво ќе мора уште многу да работи. За него ова е трета елиминација на почеток од турнир, откако сезонава претходно загуби во Индијан Велс и Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top