| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Го признаваме бугарскиот дел на Македонија

Ние, делот на таа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БТВ.

– Ако ги погледнеме историски каде била таа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има еден дел во Грција! Ние сме само еден дел. И тоа е факт – ние сме горниот дел, северниот, Вардарска дел, рече тој, пренесуваат бугарски медиуми.

Во еден дел од интевјуто тој вели дека е многу важно дома да не бидеме понижени: „Кога влеговте во оваа зграда, однадвор пишува Влада на Република Македонија. Да не се бара тоа да го промениме“, додал Заев како што пренесува БГНЕС.

На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев рекол:

– Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем, рекол премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top