| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во маркет во Центар: Крадец фатен на дело почнал да бутка производи и полици, пред полицајците се бранел дека е психички нестабилен

Викендов во еден од маркетите во центарот на Скопје се случил инцидент кога крадец, откако бил фатен при кражба, почнал да бутка и руши се пред себе. Кога вработените се обиделе да го запрат, тој употребил и сила.

Вработените во маркетот поради ситуацијата го повикале обезбедувањето кое го обезбедува објектот, кои таму затекнале растурени полици и искршени производи. Кога лицата од обезбедувањето се обиделе да го совладаат крадецот, тој пружил отпор, но сепак бил совладан по што била повикана и полиција.

Подоцна било утврдено дека истото лице покрај кражбата во маркетот, извршил и други кражби во близина на тој објект. Тој пред полицајците се бранел дека е всушност психички нестабилен.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top