| четврток, 6 декември 2018 |

Тело во фаза на распаѓање пронајдено во Ресен

Во Ресен над објект на средно училиште во борова шума било пронајдено лице со неутврден пол чиешто тело било во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top