| четврток, 6 декември 2018 |

Додевски: Задоволните купувачи се најдобрата реклама – квалитетниот сон бара добар душек за спиење

Македонците ја препознаваат потребата од добар душек - вели Филип Додевски, кумановецот кој кој успешно го води фамилијарниот бизнис. Се сеќава дека како дете неговите родители започнале приватен бизнис со книжарница. Подоцна бизнисот расте, неговите родители купуваат машина за производство на хефт спајалици. Денес Филип Додевски го води фамилијарниот бизнис. Неговата компанија Филанд на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Со него разговаравме за почетоците на семејниот бизнис, за развојот, за производството, за конкуренцијата...

Вашето семејство започнало со мал бизнис, за денес да стигнете до она што го поседувате. Како започна семејниот бизнис?
ДОДЕВСКИ: Во раните `90 години се формираа многу фирми. Тогаш моите родители ја основаа и компанијата ФИЛАНД . Нашата компанија почнала да се занимава со трговија. Неколку години имавме книжара во центарот на Куманово. Работевме со учебници ,книги, тетратки, канцелариски материјали итн.

По само три години преминувате на нешто поголемо.
ДОДЕВСКИ:
Согледувајки ја потребата на пазарот за хефт спајалици, моите родители се одлучиле за инвестирање во машина за производство на хефт спајалици. Хефт спајалиците се производ кој наоѓа мошне широка примена во секојдневното живеење. Поседуваме опрема за производство на преку 100 различни видови хефт спајалици. Покрај производството на стандардните типови на хефт спајалици за канцелариска употреба ги произведуваме и скоро сите типови на хефт спајалици за дрвната индустрија, индустријата за производство на мебел (тапациран и плочест) и индустријата за производство на амбалажа (палети, дрвени гајби, картони).

Кога се вклучивте во семејниот бизнис? Имавте желба како дете да се врткате во книжарницата или пак во погонот за произвотство на хефт спајалици?
ДОДЕВСКИ:
Нашата дневна соба секој септември изгледаше како магацин за книги и тетратки. Па така, уште од најмала возраст учествував во пакувањето и селектирањето на учебниците. И бизнисот со хефт иглиците се случуваше во мојот дом. Производството на хефт иглици го отпочнавме во нашата гаража. Неминовно беше и моето вклучување во тие активности. Во почетокот целокупното пакување на хефт иглиците беше рачно. Како најмал најчесто бев задолжен за виткање на кутиите за паковање.

Чија беше идејата бизнисот да се прошири и да се занимавате со полиуретанска пена – сунѓер.
ДОДЕВСКИ:
Во годините кога ја направивме инвестицијата во машина за производство на полиуретанска пена и опремување на погонот, производството на тапациран мебел во Македонија бележеше значителен пораст и континуирано зголемување на извозот. Со оглед дека најголемиот дел на производители на тапациран мебел ги снабдувавме со хефт иглици неминовно се јави потреба да го прошириме производството и со полиуретански пени, полупроизводот што значајно учествувава во производството на тапациран мебел.

Имате сопствени погони?
ДОДЕВСКИ:
Да, целокупното производство се одвива во сопствени производни капацитети кои се изградени и прилагодени на нашиот тип на производство.

Колку вработени има во фабриката?
ДОДЕВСКИ:
Во моментов во нашата фирма се вработени 10 лица. Имаме дипломиран технолог кој е задолжен за производствениот процес и дипломиран менаџер задолжен за комерцијалниот дел. Останатите 8 лица се со завршено средно училиште и тие го извршуваат производствениот процес. Дел од вработените со завршно средно имаат поминато обука за производство на хефт иглици и полиуретански пени сунѓери. Користиме надворешен консултатант во врска со финансиското работење. Надворешни консултанти се користат и во производствениот процес при произведување нови типови на полиуретански пени сунѓери. Јас како задолжен за продажбата и финансиите имам посетувано неколку обуки од ЦЕЕД и USAID за развој на микро и мали претпријатија и претприемачката програмата за финансии. Настојуваме кадарот да биде добро обучен, да ги следиме светските трендови на постојана надоградба на знаењата од областа во која работиме.

Како се наметна потребата да влезете во бизнис со душеци за спиење?
ДОДЕВСКИ:
Живееме во брзо и бурно време исполнето со стрес. Сите сакаме добар одмор кога ќе дојдеме дома. За тоа секако многу големо влијание има удобниот кревет, добриот душек. Тоа го препознавме во душеците со кои работиме. Сметам дека компанијата Филанд на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Душеци произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон. Нашата порака е истражете ги нашите производи и пронајдете го решението кое најдобро одговара на Вашите потреби и навики… Сите наши производи се направени од современи и сертифицирани материјали со потврди за квалитет. Секој од нас има специфични потреби за удобен душек. Некој сака доживување како да лебди додека спие на мек душек, на некому му треба потпора да се опушти и полесно да стане. Ние имаме одговор за желбите на купувачите. Во нашиот асортиман имаме душеци за секоја желба, навика или стил…врвен квалитет за секоја потреба, и секако по добра цена, која е попристапна за македонскиот купувач. Изборот е Ваш…

Посочете ми дел од вашите производи и за кого се наменети.
ДОДЕВСКИ:
MAX се препорачува на лица изложени на зголемени напори или зголемен стрес во текот на денот.
DIANA
со прилагодливо жичано јадро со поединечни џебови овозможува забрзана релаксација на телото и ја враќа енергијата.
DOUBLE за брзо да потонете во сон, ако спиете на MEMORY страната. Да се расоните брзо и да станете со ентузијазам – со потпора на HR страната.
BEST MEMORY H4
ексклузивните високо еластични материјали гарантираат мирен сон и покрај секојдневниот стрес.
BEST MEMORY H5
За максимална удобност и уживање во соништата, со 8 сантиметри мемори пена и вкупна висина на душекот од 32 см.

Неодамна се појавија интересни фотографии од македонска ракометарка која ужива на мека перница. Се работеше за реклама за ваши производи.
ДОДЕВСКИ: Во август минатата година го претставивме новото заштитно лице на ФИЛАНД, ракометарката Викторија Пеовска. На тој начин ја одбележавме 25 годишнината од постоењето на фирмата. Пеовска ги рекламира анатомските перници Memory Dream, кои се со хипоалергенска навлака со екстракт од алое вера.

Се приближува 26-годишнината од постоењето на Филанд. Ќе излезете ли на пазарот со некој нов производ?
ДОДЕВСКИ: Да, ја зголемуваме палетата производи. Од оваа година Филанд на пазарот ќе нуди квалитетни кревети од варена бука во сите димензии. Верувам дека и овој производ ќе си го најде своето место на пазарот, како што место си најдоа душеците и перниците кои се прифатени од потрошувачите и за кои добиваме низа позитивни коментари.

Каде можат да се најдат вашите производи?
ДОДЕВСКИ: Сега засега заинтересираните купувачи можат да не посетат во нашиот продажен салон во Куманово. Верувам дека брзо ќе се уверат во високиот квалитет на производите кои ги нудиме. Веб страницата на Филанд, како и фејсбук страницата нудат многу информации за она што го нудиме.

Што значи душек од вашата фирма? Која е разликата помеѓу нив и обичните душеци?
ДОДЕВСКИ: Моментално на пазарот се нудат најразлични душеци, како душеци со федери, со мемори пена со алое вера, со латекс мал милион комбинации но одговорот на крај на ден се сведува на удобен душек за мирен сон на кој ќе може да се освежиме во текот на ноќта. Дали сте се прашувале понекогаш што Ви треба за здраво спиење, релаксација и грижа за вашето здравје? Ни се чини дека знаеме доволно, но со текот на времето сепак произлегува дека нешто сепак недостасува … Веќе напоменав живееме динамично, со многу тензија и секојдневен стрес. Затоа нам ни е потребно подобро решение за одмор и релаксација од оние што се понудени од страна на традиционалните душеци. На нас и на нашите деца, ни се достапни производи создадени според најновите научни сознанија за здраво спиење. На нашите родители, новите производи, исто така може да обезбедат долгорочни здравствени решенија за ‘рбетот и успешна превенција на остеопороза. Душеците од мемори пена се направени од поголема густина, поскапи се и обезбедуваат одлична поддршка на телото. Фирмата ФИЛАНД Куманово обезбеди производи кои третираат специфични потреби и проблеми за време на одморот – од ортопедска поддршка до забрзана релаксација и длабок сон.

Кој е слоганот на вашата фирма?
ДОДЕВСКИ: Истражете и конултирајте се со нас за можностите на нашите производи и брзо најдете решение кое најдобро одговара на Вашите потреби и навики … Сите наши производи се направени од извонредни современи материјали, сертифицирани со престижни сертификати за квалитет и безбедност. Ние сме посветени на Вашиот одмор и Вашето здравје, Вашата секојдневна радост – придружите ни се…

Ја препознаваат ли Македонците разликата и потребата од подобар душек? Имам впечаток дека ни е побитен изгледот на рамката на креветот отколку квалитетот на душекот?
ДОДЕВСКИ: И тоа како Македонците ја препознаваат потребата од добар душек. Многу од нашите купувачи доаѓаат во нашите салони со веќе одбран производ… Веќе се запознаени со карактеристиките на душекот кој највеќе им одговара на нивната положба и начин на спиење. Сите душеци од нашиот асортиман се произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон.

Вие сте фирма која нема голема кампања, ретко се рекламирате, за разлика од вашата конкуренција. Како успевате без реклама во медиумите да се пробиете на пазарот и да водите успешен бизнис?
ДОДЕВСКИ: Не е потребна голема кампања за пласман на добри производи. Секако добродојдена е, но не и најважна. Наша најголема реклама се нашите задоволни клиенти кои ги има во сѐ поголем број. Се согласувам дека нашата конкуренција е значително позастапена во медиумите од нас. Ние сме мала фирма со ограничен буџет за промотивни активности, па најчесто вршиме директни промоции и ги користиме и социјалните мрежи. Но сепак задоволните купувачи се нашата најдобра реклама. Постојано доаѓаат заинтересирани купувачи, кои се одлучиле за нашите душеци по препорака на некој кој веќе купил душек или перница од нашата фирма.

Задоволни ли сте од условите за водење бизнис во Македонија?
ДОДЕВСКИ: Во изминатиот период се соочивме со политичка криза која што делуше да имаме намалена побарувачка за тапациран мебел и ограничен потенцијал за развој на оваа индустрија поради малиот домашен пазар и слабите можности за извоз. Намалената побарувачка за мебел кај нас се рефлектира во поглед на намалувањето на ликвидноста и профитабилноста. Верувам дека условите на пазарот за овој бизнис ќе станат подобри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top