| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ „уловен“ во непријатна ситуација! (Видео)

Новак Ѓоковиќ сериозно се подготвува за новите предизвици на сезоната на земја која овие денови го очекува во Барселона и Ешторил.
После солидната партија на турнирот во Монте Карло и првите победи во сезоната Ѓоковиќ одлучил повторно да го врати стариот тренер – Марјан Вајда и тоа како прв стратег.

Очигледно дека промената на клупата му годела па Новак повторно почнува да наликува на оној перид кога беше неприкосновен број 1.
После очигледното кревање на формата на претходниот турнир, Ѓоковиќ одлучил да го промени календарот па се „уфрлил“ на турнирите во Барселона и Ешторил.

Вајда на секој начин го променил начинот на живот на Ѓоковиќ но и подготовките и тренинзите за мечевите.
Можеби делува наивно но на Новак тоа очигледно му помага.

Веројатно една од тие нови рутини е и ова со пливањето каде случајно го „фатиле“, а зошто велат дека бил во незгодна ситуација проверете во видеото…

ekran.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top