Здравствениот систем во Република Македонија е клинички мртов. Пулсот го покрева разработен систем за доации, но доток на среддства од државата нема. Откако СДСМ раководи со здравството – тендери не се распишуваат. Апарати и друга медицинска опрема во 21 век во Македонија се набавуваат на милостина, од донации на добри луѓе и компании.
Понижувачки и срамно е во 21 век јавните здравствени установи да бидат оставени на милост или немилост на донации од фирми кои под превезот на општествена одговорност си прават сопствена реклама. Јавни здравствени установи од највисоко ниво на здравствена заштита, како Клиниката за детски болести и Детската болница во Козле, се комплетно запоставени од здравствените власти и можат да добијат нова опрема единствено преку донации.
Во февруари годинава Македонски телеком и Град Скопје донираа два медицински апарати во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Децата чекаат здравје и од добрите луѓе од „Жито лукс“, кои лани во декември донираа во Козле инструмент со чијашто помош резултатите од имунолошките инфективни тестови се добиваат за десет минути наместо акко досега за една недела.
Со купување леб на парчиња беше обезбедена медицинска опрема за четири здравствени установи во земјава. На детските оддели во Општата болница – Охрид, Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата. Повторно домација од „Жито лукс“.
Министерот Филипче се ракуваше со комерцијалниот директор на Пивара Скопје Родерик Розенбаум, за да го потврди отворањето отворањето школи за родителство, кои, како што рече, се „од исклучително значење, како за идните родители, така и за здравството во Македонија“. Проектите од исклучително значење оставени на милоста на донаторите.
Одделот за епилепсија и одделот за астма на Детската клиника ги опремуваше донацијата на Алкалоид а.д. Скопје.
Апаратот за лесно наоѓање вени кај децата, пак, е донација на Центарот за дијализа „Диамед Македонија“.
Последно денеска гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ги доби клучевите од две амбулантни возила, донација од Амбасадата на Турција.
Ниту еден тендер, ниту едно вложување на државата во здравството во Македонија.
Ова е уште една потврда дека откако СДСМ е на власт, во здравството не е инвестиран ниту денар за нова опрема или инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст