Грижата за националната стабилност и потребата за ширење на електроенергетската мрежа се главниот мотив на владата на Уганда да воведе данок на социјални мрежи.
-Потребни ни се пари за да ја оржиме стабилноста на земјата и да ја прошириме елетроенергетската мрежа за да можат граѓаните повеќе да уживаат во социјалните ремжи, вели Матија Касаија, министер за финансии во Уганда.
Африканските медиуми јавуваат дека владата на Уганда често има необични идеи, така што не е неверојатно дека оваа идеја ќе се реализира. Претходно беше најавено отворање државна социјална мрежа, но и набавка на детектор за порнографија, за што беше задолжено Министерството за интегритет и етика, кое требаше да ги блокира порнографските содржини. Овие две идеи не се реализираa, па некои сметаат дека и ова лудило ќе помине неостварено.
Данок од 200 угандски шилинзи (2,72 денари) дневно би плаќале сите корисници на мобилни телефони кои имаат инсталирано Вацап, Твитер и Фејсбук.
Најавагта не е изненадување имајќи предвид дека владата секако сака да го ограничи користењето ан социјални медиуми во земјата. Овие мрежи беа забранети за време на изборите, а претседателот Јовери Џагута Мусевени најави воведување данок на социјални мрежи за да се намали нивната употреба и „ширењето лажни вести“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


