| четврток, 6 декември 2018 |

Со тројца разголени мажи и црвени рози, Алаѓозовски го прослави денот на книгата

Во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска со богата програма, мини саем на книга и рози беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. Пред присутните се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој ја прочита својата порака посветена на Светскиот ден на книгата.

На настанот имаше и машки хостеси кои беа делумно разголени и држеа ружи во рацете. Каква е нивната поврзаност со светскиот ден на книгите, останува непознато.

Алаѓозовски истакна дека на овој ден човештвото ја слави слободата, но и борбата за слобода и еманципација во исто време, а во таа вечна борба посочи книгата е еден од најважните столбови на слободата, човековото себеспознавање и слободно изразување и комуницирање.

– Убеден сум дека и по оваа дигитална еволуција кога ни се чини дека книгата и читањето отстапуваат пред нови многу покуси фрагментирани несодржајни и манипулативни форми на изразување има иднина за книгата за нејзината благородна функција како едукатор и како духовна лектира која не внесува длабоко под површината и површното комуницирање и ни ја открива сложеноста и суптилноста на нашето постоење во кое креативноста и негувањето на духот и емоциите имаат централно место, порача Алаѓозовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top