| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи синот на Есма: Демантирам дека сум извршил било каква кражба, наследник сум на авторските права и тоа ми е доволно

Дел од домашните медиуми деновиве објавија дека Симеон Атанасов, штитеникот на легендарната Есма Реџепова – Теодосиевска, бил приведен поради сомнение дека тој ја извршил кражбата во домот на Есма. Сепак, штитеникот на Есма во изјава за Фокус демантира дека го ограбил музејот.

– Не ми треба ниту куќата, ниту пак било што од внатрешноста на куќата. Јас сум наследник на авторските права и тоа ми е сосема доволно. Сакам да го сочувам добриот спомен на Есма, и благодарен сум и што ми помогна во животот, што со нејзина и помош на Стево Теодосиевски јас си го пронајдов патот и до денес се занимавам со музика. Таа ми даде доволно мене и на сите останати деца кои ги одгледа, и затоа ги демантирам сите пишувања и гласини дека сум извршил било каква кражба и сум присвоил нелегално било што од нејзината куќа, изјавил Симеон, кој со децении беше и менаџер на кралицата на Ромската песна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top