Полицијата во мобилниот телефон на убиениот Лука Радуловиќ пронашла броеви за кои се претпоставува дека припаѓаат на пејачи, политичари и бизнисмени.
– Полицијата во истрагата за убиството на нарко дилерот Лука Радуловиќ во неговиот телефон пронашла долг именик и шифрирани пораки, пренесува српски Курир.
Во телефонот имало броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на пејачи, спортисти, но и бизнисмени и политичари, а полицијата ќе истражи во каква врска биле тие со Лука и дали имаат некои информации кои би помогнале во расветлување на истрагата.
Според српските медиуми, еден од броевите во именикот на нарко дилерот бил бројот на пејачот Аца Лукас кој веќе бил повикан на информативен разговор, а полицијата ја испитува неговата поврзаност со убиениот Радуловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст