Ноќеска околу 00,15 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“ во фурна „Христина Клас“, додека Љ.Н. (64) од Скопје, била на нејзиното работно место заедно со нејзиниот син, дошле три непознати лица во алкохолизирана состојба и побарале да јадат без пари. Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.
По ова, Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале, едно од лицата вперило и пиштол кон неа. По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје. Се превземаат мерки за документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст