Фондацијата „Бугарска памет“ ќе организира прослава по повод 6 Mај, бугарскиот празник „Ден на храброста“ во Ново Село, Македонија. Оваа година за прв пат на прославата ќе присуствуваат и претседателите на двете земји, изјави за бугарската агенција БГНЕС, д-р Милен Врабевски, основач и претседател на Фондацијата.
„Денот на храброста“ и празник на Бугарската армија е официјален празник во Република Бугарија – професионален празник на војниците и празник на Воениот орден „За храброст“, кој традиционално се одбележува секоја година на Ѓурѓовден – 6 мај.
Како што пренесува БГНЕС, Фондацијата на Врабевски, активно ја развива прекуграничната соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија и посветува посебно внимание на заедничките прослави.
Бугарскиот меморијален споменик во Ново Село е целосно реставриран со средства на Врабевски и се наоѓа во совршена состојба. Две недели пред големиот празник, подготовките за празникот се одвиваат со полна пареа.
-Успеав да се видам со гардистите и да го разгледаме местото каде на 6 мај ќе се одржи историската средба на двајцата претседатели на Република Македонија и Бугарија Ѓорге Иванов и Румен Радев – изјави филантропот Врабевски.
-Многу сум горд што за прв пат ќе бидам удостоен со честа да се направи средба на толку високо ниво. Секоја година тука доаѓаат македонски политичари и претставници на македонската црква, а сега нивото е унапредено – внимание му посветуваат не само претставниците на големите сили преку своите воени аташеа, туку и двајцата шефови на држави и нивните кабинети- вели д-р Врабевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


