Пет бомбаш-самоубијци го извршиле нападот на базата на НАТО во Кабул детонирајќи камион-бомба пред логистичкиот центар. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците, јави „Си-Ен-Ен“.
Во судирите загинале четворица војници на НАТО кои го обезбедувале тој дел од базата.
Според „Си-Ен-Ен“, сите четворица биле непалски војници. Убиени биле и сите петмина напаѓачи, како и еден цивил. Во нападот биле повредени уште пет цивили.
Еден од напаѓачите прво го разнел камионот пред портата на логистичкиот центар, каде што биле чувани резервите наменети за војниците на НАТО, а останатите четворица се обиделе да влезат внатре во базата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


