| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ да го бојкотира Светскиот куп на ФИФА во Русија

Шеесет европски парламентарци ги повикуваат владите на ЕУ на дипломатски бојкот на Светскиот фудбалски шампионат во Русија како протест поради рускиот претседател Владимир Путин.

Според пратениците, Путин “се подбива во европските вредности”.

“До сите влади на ЕУ, ние како членови на Европскиот парламент, од вас бараме, вие, како претставници на граѓаните на ЕУ, да го сторите истото она што го прават владите на Исланд и Велика Британија”, пишуваат пратениците.

Во март британската премиерка Тереза Меј најави дека ниту еден министер или член на кралското семејство, нема да оди на спортскиот наптревар во Русија поради обидот за труење на агентот Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Исланд исто така најави бојкот како поддршка на Лондон.

“Нападот во Салисбери е само последниот пример на начинот на кој Владимир Путина се подбива со европските вредности”, пишуваат пратениците. И додаваат дека “бомбардирањето на училишта, болници и квартови со цивили во Сирија, бруталната инвазија на Украина, систематските информатички напади, кампањите на дезинформирање, мешање во избори, обиди да се ослабне и подели ЕУ – сето тоа не е во согласност со добар домаќин на Светски куп”.

На крајот заклучуваат дека “во овие модерни времиња, целиот свет се врти кон Европа. Нашите влади не би требало да го следат авторитарниот пат на рускиот претседател туку во спротивно да го бојкотираат шампионатот на ФИФА 2018 година во Русика и да го кренат гласот во заштита на човековите права, демократските вредност и мирот”.

Иницијативата ја покрена Германката Ребека Хармс од групата на “зелените” во ЕУ а најголем дел од потписниците доаѓаат од групата на “зелените” или од најголемата политичка група, демохристијанската Европска народна партија.

Шампионатот се одржува од 14 јуни до 15 јули 2018 година во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top