| четврток, 6 декември 2018 |

Можност за работа во странство: Нудат 30.000 евра плата и плаќаат сместување

Аеродромот Фрапорт во Германија бара работници. Нудат годишна плата помеѓу 25.000 и 30.000 евра. Работниците би требало да располагаат со основно знаење на германскиот и англискиот јазик, а освен квалификувани ќе вработуваат и неквалификувани работници. Тие ќе работат на
работните места поврзани со багажот.

Аеродромот во Франкфурт вработува 81.000 работници, но работна сила и понатаму недостасува.

На работниците им нудат и евтино сместување кое не би требало да чини повеќе од 350 евра, пишува германскиот венсик Шпигел.

Во случајот работникот да зема плата од 25.000 евра, тоа значи дека би му останале оклу 1.600-1.700 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top