| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на една ера – Венгер на крајот на сезонава си заминува од Арсенал

Арсен Венгер соопшти дека ќе си замине од Арсенал на крајот од сезонава, ставајќи крај на 22-годишниот престој во лондонскиот фудбалски клуб. Францускиот тренер си заминува една година пред истекот од неговиот актуелен договор.

– Чувствувам дека е вистинско време за мене да се повлечам на крајот од сезоната, вели Венгер во соопштението кое утрово беше објавено на офоцијалната страна на клубот.

– Благодарен сум што ја имав привилегијата да му служам на клубот во сите овие години. Го водев клубот со полна посветеност и со интегритет. Сакам да му се заблагодарам на персоналот, на играчите, на директорите и на навивачите, кои го прават овој клуб посебен. Ги повикувам навивачите да застанат покрај тимот до крајот на сезоната. До сите љубители на Арсенал, чувајте ги вредностите на овој клуб, вели Венгер во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top